На првенството во Планинска ориентација има четири категории на натпреварувачи – пионерска, јуниорска, сениорска и ветеранска.
Македонскиот национален тим учествуваше со 14 претставници кои се натпреваруваа во категориите:
- сениори (две сениорски екипи) и
- ветерани (една ветеранска екипа).
Натпреварот се состои од:
- – ноќна трка
- – дневна трка и
- – тестирање – теорија.
Во генералниот пласман:
- Домаќинот Србија го заслужи првото место со најголем број на бодови.
- Второто место и припадна на Словенија.
- Третото место и припадна на Македонија.
Прекрасен викенд исполнет со планински предизвици, натпреварување, адреналин и дружење. Благодарност до организаторите за одличната организација на Балкансиот шампионат.