ИНФОРМАЦИЈА
Од Комисија за високогорство и експедиции при ФПСМ
Во врска со објавата на планинарката Ирина Дишовска од ВАК Анапурна која беше пренесена од повеќе медиуми за соло искачување на врвот Матерхорн 4478 мнв на 27.07.2018 година, Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ и покрај барањата нема добиено никаков материјал за верификација на ова искачување. Од јавно објавените фотографии констатирано е дека се невалидни клучните две и тоа: фотомонтажа од врвот Матерхорн и превземена фотографија од италијански медиум од секцијата “Џорданови скали“. Воедно ја известуваме јавноста дека КВЕ при ФПСМ досега нема ниту едно верификувано соло искачување на насоката “Креста Дел Леоне“ од италијанската страна на врвот Матерхорн, а најстрого ги осудуваме сите обиди за било каква повреда на планинарската и спортската етика.