Инструкции за приправници … лиценца A1

Инструкции за приправниците – планинарски водичи и за менторите за Категорија А1 – Планинарење по лесни патеки во летни услови

ФПСМ / КОМИСИЈА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ

ПРИПРАВНИЧКИ АКЦИИИНСТРУКЦИИ ЗА МЕНТОРИТЕИ ПРИПРАВНИЦИТЕ

КАТЕГОРИЈА А1 – ПЛАНИНАРЕЊЕ ПО ЛЕСНИ ПАТЕКИ ВО ЛЕТНИ УСЛОВИ

 

Пред почеток на акцијата:

  • Соработка на Приправникот и Менторот во подготовка на акцијата.
  • Приправникот да се претстави и да објасни детали за акцијата (времетраење, висинска разлика …).

 

Во текот на акцијата Приправникот да покаже ипрезентира:

  • Познавања на околината (околни и далечни врвови).
  • Ориентација со компас и мапа, со ГПС уред и со ГПС мобилна апликација.
  • Давање Прва помош (имобилизација, запирање на крварење …).
  • Содржина на торбичката за Прва помош и на ранецот.
  • Доколку има мрежна покриеност, приправникот е должен да испрати најмалку 3 SMS пораки со своите координати со апликацијата GPSTOSMSза време на изведувањето на акцијата на двајца од регионалните координатори: Влатко Гроздановски – 075/575-634, Александар Стојановски Цули – 078/225-034, Марјан Милановски – 071/387-227, Љупчо Чучуковски – 070/605-137, Горан Николоски – 070/200-506, Николчо Петров – 070/262-169.

 

На крај од акцијата:

  • Анализа на акцијата со Менторот и со останатите водичи.
  • Заблагодарување за учеството и најава на следни акции на планинарскиот клуб.

 

После завршување на акцијата:

  • Приправникот треба да пополни Извештај за приправнички акции (деловите А, Б, В и Г), да го потпише и да го достави до менторот (Извештајот се наоѓа на интернет страната https://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/ ).
  • Менторот треба да го пополни делот Д и целиот извештај да го достави само до Комисијата за планинарски водичи (КПВ).
  • Приправникот да испрати минимум по 4 фотографии, на кои се учесниците и менторот, и по можност список на учесници.
  • Менторот, дополнително пополнува и Лист за оценување на приправниците и го доставува само до КПВ.

НАПОМЕНА ЗА ПРИПРАВНИЦИТЕ: Упатствата за број на учесници во планинарска акција и за изведба на приправнички акции се поставени на интернет страната на КПВhttps://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/

 

НАПОМЕНА ЗА МЕНТОРИТЕ: Согласно Правилникот за планинарски водичи, Категорија А1(Планинарење по лесни патеки во летни услови) е основно водење во услови без снег, при што движење претставува самото пешачење. Потребни се ориентациски вештини, но не е потребна посебна техничка опрема за обезбедување, ниту специјални технички вештини (на пример, искачување по карпесттерен, совладување стрмни, снежни и смрзнати терени каде што има голема веројатност за лизгање и падови и сл.).Водењето се одвива по лесни означени и лесни неозначени патеки.

 

Согласно документот Планинарски акции – објаснувања:

Акција во летни услови: Планинарска акција изведена во периодот од 21 март до 20 декември, односно од 1 мај до 30 ноември над 1.500 м. надморска височина, до височини на кои во нормални услови нема снег или мраз. Исклучок се одредени снежни јазици или свежо паднат снег кој исчезнува за неколку часа.

Лесна акција во летни услови: Планинарска акција по патеки по кои при одењето не треба придржување со рацете. Понекогаш патеката преминува по стрмна, но доволно широка падина која овозможува безбедно одење на сите учесници. Од учесниците се бара внимателност и кондиција.

Share This:

Scroll to Top