ИЗВРШЕН УВИД ВО ПРЕДМЕТОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ КАРАЏИЦА

ИЗВРШЕН УВИД

ВО ПРЕДМЕТОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ КАРАЏИЦА ВО ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ

На 10.03.2022 година како претседател на Комисијата за планинарски домови во ФПСМ, бев во Општина Студеничани, Одделение за легализација на дивоизградени објекти со цел да видам до каде е предметот за легализација на Планинарскиот дом Караџица.  Меѓу останатото носев и Полномошно од ФПСМ со кое бев овластен и да извршам увид во предметот во Општина Студеничани оформен за легализација на дополнително изградениот дел во наведениот планинарски дом од страна на ПСК “Драчево Караџица“, Скопје.

Имено, ПСК “Драчево Караџица“, Скопје, до Општина Студеничани, на 18.02.2016 година преку лицето Ѓорѓи Чакаров поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект во КО Алдинци во продолжение на планинарскиот дом Караџица. За вакво нешто ние во ФПСМ воопшто не сне биле запознаени. Овој предмет се водел молкум, потајно без знаење на ФПСМ.

Од моја страна беше извршен детален увид во предметот за што потоа детално лично го запознав претседателот на ФПСМ, Г-динот Угриновски и до Општина Студеничани веднаш наредниот ден доставивме писмо со барање предметот за утврдување на правен статус на бесправно изградениот дел во продолжение на планинарскиот дом Караџица да биде стопиран и да не им се дозволи утврдување на правен статус на бесправно изградениот објект.

Освен ова од страна на Канцеларијата на ФПСМ беше повикан претседателот на ПСК “Драчево Караџица“, Скопје  на состанок со претседателот Угриновски со цел да даде објаснување на оваа нивна постапка без наше знаење.

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија  (ФПСМ) на 24.12.2008 година и СПД “Драчево“ од Скопје имаат склучено ДОГОВОР за отстапување на правото на стопанисување со планинарскиот дом “Караџица“.  Со овој договор ФПСМ го отстапува правото на користење и управување на домот Караџица на СПД “Драчево“ од Скопје за период од 10 (десет) години. Со Анекс на овој договор од 11.04.2019 година договорот е продолжен за уште 5 години.

Во прилог е испратеното писмо од ФПСМ до Општина Студеничани за стопирање на предметот за легализација на дополнително изградениот дел на планинарскиот дом Караџица.

Изготвил

Живко Темелкоски

Share This:

Scroll to Top