Извештај за одржана обука за планинарски водичи А1 категорија

23 кандидатки и кандидати од X-та генерација за планинарски водичи во Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови) го започнаа образовниот процес од април 2022 кога започнаа регионалните Приемни испити, Основната школа со повеќе онлајн предавања (Планинарска терминологија, Ориентација со ГПС и мобилни апликации, Психологија на планинарското водење, Опасности и спасување, Правни аспекти на планинарското водење, Исхрана и Екологија и биодиверзитет) и повеќе средби во живо на темите: Планинарска опрема, Ориентација со компас и мапа, Јазли, Ориентација со ГПС и мобилни апликации.

Во мај беше изведена и обука на инструкторите и предавачите на обуката за усогласување на техниките на изведба на практичните вежби и организација на обуката, а беше купена и техничка планинарска опрема за изведба на обуката.

Интензивната 6-дневна Обука беше одржана од 19 до 24 мај и опфати работа на терен опфати движење по различен терен и водење на групи, користење на техничка планинарска опрема, дневна ориентација со користење на компас и мапи, ноќна ориентација со користење на ГПС и мобилна апликација, изработка на сидришта од природни и вештачки точки на обезбедување, искачување и симнување по карпи, изработка на огради од јаже, изработка на носилки за повредени, изработка на засолништа.

Во текот на 2 дена од обуката присуствуваше и Франц Гричар, Начелникот на планинарските водичи при Планинарскиот Сојуз на Словенија.

Во програмата за обуката на планинарските водичи беа вклучени 19 теми, со теоретски и практичен дел, вклучувајќи ги Историја и организација на планинарството, Опасности и спасување во планина, Метеорологија, Лична и техничка опрема, Исхрана, Подготовка, изведба и анализа на планинарски акции,  Психологија на планинарско водење,  Ориентација со мапа и компас, Движење во планина и техники на водење, Високогорство, Заштита на околината, Правни аспекти на планинарското водење, Прва помош, Ориентација со ГПС мобилна апликација, Бивакување, Јазли, Радио комуникација, Обележување на патеки, Должности и обврски на водичи, Изработка на Нацрт на акција, Планинарска акција до врв Извидница, практична работа.

 Координатори, Инструктори, Предавачи: Ирена Диков, Љупчо Дебарлиев, Николчо Петров, Стојан Хаџијевтимов, Влатко Гроздановски, Александар Стојановски, Илинка Ристевска, Томица Котевски, Деан Ивановски, Виктор Антовски, Глигор Митковски, Илина Арсова, Трајчо Митев, Миленка Шаровиќ, Кире Миловски, 4-ца учесници од Црвен Крст Битола, Горан Кузевски, Горан Николоски.

Дел од коментарите од учесниците:

  • Повеќе време за меѓусебно дружење и запознавање.
  • Дел од предавањата да бидат онлајн.
  • Во Високогорство да има повеќе размена на искуства.
  • Поголем акцент да се стави на Метеорологија и да има онлајн обука по метеорологија.
  • Во текот на обуката да има подолга, понапорна тура.
  • Игрите да се распределат во текот на целата обука.
  • Пофалба за организацијата и за инструкторите.

Учесници на обуката беа:

  Учесници Планинарски клуб
1 Јордан Паликрушев ПСК H2O, Скопје
2 Александар Борисављевиќ ПК Кораб, Скопје
3 Филип Василески ПК Љуботен, Тетово
4 Драги Павловски ПСК Димитар И. Мурато, Битола
5 Арсим Идризи/Arsim Idrizi ПК Тетекс, Тетово
6 Светлана Головиќ/ Светлана Головић ПК Јаворак, Никшиќ, Црна Гора
7 Билјана Донева ДПС Лисец, Штип
8 Ивана Јовановска I love hiking Macedonia
9 Ирина Дишовска I love hiking Macedonia
10 Борис Александров I love hiking Macedonia
11 Андреа Марковски I love hiking Macedonia
12 Љубомир Стошевски I love hiking Macedonia
13 Мартин Трајковски I love hiking Macedonia
14 Леонард Кузев I love hiking Macedonia
15 Владимир Павиќевиќ I love hiking Macedonia
16 Борче Милев ЗПК Зелен Брег, Кавадарци
17 Ќиро Сотировски ПСК Пелистер, Битола
18 Доника Кадај/Donika Kadaj Hiking Club, Приштина, Косово
19 Новица Синадиновски ПСК H2O, Скопје
20 Секула Шаревски ПСК H2O, Скопје
21 Кире Јанкуловски ПСК Ѓорѓи Наумов, Битола
22 Методи Чилиманов ПСК H2O, Скопје
23 Давор Димитровски ПК Тетекс, Тетово

Скопје, мај 2022         

      

                                              

Share This:

Scroll to Top