ЗА ЕУМА – ЕВРОПСКИ ПЛАНИНАРСКИ АСОЦИЈАЦИИ

ЕУМА – ЕВРОПСКИ ПЛАНИНАРСКИ АСОЦИЈАЦИИ

EUMA – EUROPEAN MOUNTAINEERING ASSOCIATIONS

https://www.european-mountaineers.eu/

https://www.facebook.com/EuropeanMountaineers

Европското планинарење со бројки:

  • 2,675,228 планинари во 27 асоцијации од 25 земји
  • 159,500 километри планинарски патеки
  • 2,878 планинарски домови и засолништа
  • 4,335 качувачки локации

ФПСМ е еден од основачите на ЕУМА.

ЕУМА

  • Ние сме организација која консолидира европски планинарски асоцијации од 25 земји со приближно 3 милиони членови.
  • Полноправно членство имаат 24 асоцијации, додека придружно членство имаат 3 асоцијации.
  • Настојуваме да го вклучиме планинарењето меѓу приоритетите на Европската унија како важен фактор за квалитетен живот и да бидеме признаени како партнер на тема планинарење во дијалогот со институциите на Европската Унија.
  • Се залагаме за: слободен и одговорен пристап до планините, зашто планините се за сите. Тие треба да бидат живеалиште за сите живи суштества каде ќе живеат во хармонија и со заемна почит. Основно право на човекот е да ужива во таа околина, без да ја уништува или нарушува кревката еколошка рамнотежа.
  • Посветеност за заштита на планинската околина.
  • Европски дух на заедништво: планинарењето ги надминува границите и предрасудите.

МИСИЈА НА ЕУМА

  • Ние сме гласот на европските планинари.
  • Ние го разбираме планинарењето како спортски активности на сите планини и качувачки локалитети (пешачење, планинарење, качување) и сите дополнителни активности (образование, волонтерско водење, еколошка свест, планинарски патеки, планинарски домови и качувачки локалитети).
  • Се залагаме за слободен и одговорен пристап до планините и качувачките локалитети како фундаментално право на сите.
  • Промовираме:  одговорно планинарење (заштита на природата и безбедност на планините) што ги врамнотежува интересите на планинарите со барањата за разумно користење.
  • Планинарење како основен придонес за кохезија во Европа.
  • Одржлив развој на планинските региони и на нивните жители.
  • Соработуваме со европските институции каде ќе ги претставуваме интересите на нашите членови.
  • Ја охрабруваме соработката меѓу нашите членови и партнери споделувајќи заеднички интерес.

Share This:

Scroll to Top