Основни проблеми при употреба на лекови на планина
Суровите фактори на околината – особено топлото и ладното – може значително да влијаат на лековите, на супстанците, како и на стабилизаторите и растворувачите. Температурата во внатрешноста на итните медицински торби може да биде меѓу -40°C и +80°C. Овие температурни екстреми може да бидат уште посурови во планинарски услови.
За ракување со лековите во такви услови се даваат следните препораки (дополнителни информации во документот):
- Ако ампулата била замрзната, задолжителна е визуелна проверка за да се исклучат напукнувања кои може да предизвикаат загадување или оксидирање на лекот. Забелешка: Напукнувањата често се прошируват и не се видливи со голо око. Затоа, веќе смрзнатите ампули треба најскоро да се заменат.
- Секоја смрзната ампула треба да се растопи внимателно, без прекумерна топлина. Растопувањето на смрзната ампула во уста е опасно! Ако се скрши лицето може да го проголта лекот и да ја исече устата.
- Во сите временски услови содржината на ампулата треба да е јасна и бојата вообичаена.Секој лек што содржи протеини (пр.инсулин) и секоја емулзија ќе се разградат со смрзнување. Повеќе не смее да се користат зашто како последица можен е и смртен исход од белодробна емболија.
- Капсулите (пр. нифедипин, нитроглицерин) се многу осетливи доколку се смрзнат, додека лиофилизатите се прилично отпорни на температура доколку не се растворени.Да се избегнува изложување на секоја ампула на светлина подолго од потребното зашто многу лекови (пр. нифедипин, теофилин, нитроглицерин, хлоралхидрат, инсулин) имаат значителна чувствителност кон UV светлина.Апликаторите во форма на спреј и прашак обезбедуваат рамномерност на дозите дури и при намалување на амбиенталниот воздушен притисок пр. при качување на голема надморска височина. Спрејовите се значително отпорни на ладно. Но може да експлодираат доколку се загреат над +50°C.
- Прашкастите инхалациски системи мора да се чуваат суви при влажни услови или при дожд за да се спречи згрутчување на прашакот. Од иста причина, пациентот не смее да издишува во такви уреди.
- Чепчињата ќе се стопат над околу 25°C. На температура на мрзнење имаат цврстина на стакло. Може да се скршат при отворање или да предизвикат повреди при апликација. Во секој случај, треба повторно да се стоплат пред отварање и употреба.
Употреба на лекови за итни состојби во планина
Табелите во документот даваат преглед за темата. Во овие табели “изложување на топлина ” значи изложување до +60°C за неколку часови. “Изложување на ладно” се дефинира со фактот дека ампулата била смрзната. За детали обратете се во оригиналниот документ. Мора да се истакне дека знаењето за лековите во екстремни услови е ограничено. Во секој случај внимателно да се употребуваат.
Целосниот документ дава дополнителни детали за особено битните несакани ефекти, други работи поврзани со лековите како и табела со генерички термини за лековите на неколку јазици / земји.
За повеќе детали кликнете:
https://theuiaa.org/documents/mountainmedicine/UIAA_MedCom_Rec_No_10_Drugs_at_Altitude_2008_V1-2.pdf