Во организација на Планинарскиот сојуз на Србија, од 16 до 18 јуни 2023 година, на Хомељски планини во селото Ждрело се одржа ,,Денот на планинарите на Србија,, на кој учествуваше и делегација од ФПСМ во состав Претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев и членовите на Претседателството на ФПСМ, Душко Бошковски и Љубиша Тасески.
На настанот се потпиша стратешки документ за соработка со кој двете организации се обврзуваат дека ќе работат заедно на промоција, зачувување и развој на планинарството.
Воедно, ФПСМ го договори првиот конкретен документ за обезбедување, користење и развој на нивната веб апликација “Базен камп”, во форма на ,,open source,, софтвер, како и отстапување на правата за издавање на книгата “Планинарење за деца и млади” на македонски јазик во електронска форма.
На настанот Претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев прими ,,Благодарница за соработка,, од страна на Претседателот на ПСС Исо Планиќ.