Според планинарите, стабилните есенски денови, се еден до најубавите периоди во годината за планинарење.
Но, да ги имаме во предвид следните информации:
Проверете ја временската прогноза во деновите пред и на денот на акцијата.
Прилагодете ја облеката и обувките на температурите, кои наутро и навечер се близу до 0 степени Целзиусови.
Прилагодете ја целта со вашата и со физичката подготовка на учесниците.
Проверете ја состојбата на патеката со локалните планинари.
Подгответе се со проучување на патеката на испечатена мапа или на дигиталните мапи на Агенцијата за катастар на нефвижнини https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/
Прилагодете го тргнувањето и враќањето од акцијата согласно промената во зимско сметање на времето.
Кажете им на блиските и пријателите каде планирате да ја изведете акцијата и испраќајте им СМС пораки со координати од разни локации во текот на акцијата со помош на мобилните апликации GPSTOSMS, Location Info …
Внимавајте при движењето на патеки покриени со лисја бидејќи под лисјата може да има влажни камења и корења. Затоа користете планинарски стапчиња за рамнотежа и за испитување на теренот пред вас.
Препорачана лична планинарска опрема: опрема која штити од студ, ветер и влага.
Користите заштита од сонце, а во ранецот ставете резервна облека, ракавици, капа.
Не тргнувајте на акција без: торбичка за прва помош, компас, челна лампа, ГПС уред, полн мобилен телефон со резервни батерии.
Движете се по обележани патеки, движете се во групи и под водство на планинарски водичи на ФПСМ.
Зачленете се во планинарски клубови на ФПСМ со кои безбедно ќе се движите низ планините.
Уживајте во движењето низ планините, но не мора тоа да го правите за Инстаграм и Фејсбук фотографии.
Во слободното време прочитајте информации за безбедно планинарење во изданијата на ФПСМ: „Планинарење – Прирачник – Лето“ и „Основи на движење низ планина“.