Плакета со ликот на Даре Џамбаз

Претседателството на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, за 2015 година, додели:

Плакета со ликот на Даре Џамбаз на:

1. За животно дело, на Благоја Костоски – Чакра од Планинарскиот клуб Козјак – Прилеп, за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството во Македонија,

2. На клуб, за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството во Македонија се додели на Планинарскиот спортски клуб Пелистер од Битола,

3. За врвно спортско остварување во планинарството за 2015 година, се додели на Здравко Дејановиќ,

4. На ДПС. Трансверзалец од Скопје, организатор и реализатор на Западната македонска трансверзала и други постигнати резултати во 2015 год.

Признание

5. За постигнати резултати во планинарството за 2015 година им се додели на следните клубови:
• ПАОК ЈУГ – Валандово,
• ПСД. Макпетрол – Скопје и
• ПД. Кожуф – Гевгелија.

6. За млада надеж во планинарството за 2015 година, се додели на:
• Ване Бошев од СПАОК „Антигонеа“ – Неготино и
• Антониј Трајчевски од ПСПК „7-ми Мај“ – Битола

7. Лиценци 22 нови планинарски водичи

8. Лиценци на првите два Младинските планинарски лидери

Share This:

Posted in Uncategorized, Новости.