Брошура за планинарско пешачки маркации низ Европа

Референтна книга за тоа како се прави обележувањето на патеките во Европа.

Како еден од видливите резултати на проект Е+ (Еразмус плус), ЕУМА чии чија членка и партнер во проектот е и ФПСМ,  ја објавуваме заедничката брошура за ознаки за маркирање на пешачки и планинарски патеки  каде заедно со нашиот партнер Европската пешачка асоцијација изработивме компендиум за различните видови означување на патеки во Европа. Со брошурата наречена „Waymarking in Europe“, референтна книга за тоа како се прави обележувањето на патеките во Европа, даваме сеопфатен преглед како Европа ги обележува своите патеки. Брошурата вклучува опис на 44 системи за обележување на патеки во 34 европски земји и дополнително, прегледна табела со знаци низ Европа. Книгата е создадена за секого кој кој ќе реши да оди во непозната земја и да ги разбере знаците и патоказите што треба безбедно да ги следат до саканата дестинација.

ЛИНК

Share This:

Scroll to Top