ЗА БЕЗБЕДНА ПОСЕТА НА ПЛАНИНИТЕ ВО ЗИМА
БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ И ОДГОВОРНИ
Колку што посетата на планините во зимскиот период може да донесе радости и убави моменти, толку може да биде опасна, ако сте неподготвени и неодговорни.
Во зима, никогаш не одите сами низ планините.
Подгответе се за ниски температури, пократки денови, затворени планинарски домови, помал број луѓе низ планините, опасност од лавини, и секако, опасности од лизгање.
За зимски акции потребни ви се добри зимски чевли, гамаши за заштита од снег, заштитна јакна од ветар и студ, топла долна облека, заштита од сонце, резервна облека, и доволно топли течности и храна.
Почитувајте го правилото (кое не важи за акции со планинарски водичи): никогаш не одете по патеки и кон врвови по кои не сте оделе во суви услови. Во текот на зимата околината е променета, патеките и маркациите се покриени со снег.
Задолжително носете цепин и дерези. Ако на нозете имате дерези, во рацете треба да имате цепин (планинарските стапчиња се прикачуваат на ранецот).
Проверете дали се отворени планинарските куќи.
Проверете ја временската прогноза за планината низ која ќе се движите.
Известете ги своите блиски за текот на вашата планинарска акција.
МАТЕРИЈАЛ ПРЕВЗЕМИ: За безбедна посета на планините во зима