Светско првенство во скајранинг 2021

Извештај од учество на светско првенство во скајранинг 2021

Во периодот 09-11.07.2021 година се одржа петтото светско првенство во скајранинг, на кое за прв пат учествуваше и македонска скајранинг репрезентација. Натпреварите се одржаа во Шпанија (Вал де Бои, Пиринеи) и учествуваа вкупно 24 репрезентации.
Македонската репрезентација броеше четири члена на ова првенство, по двајца во машка и женска конкуренција, а критериум за селекција беа постигнатите резултати на последните две државни првенства одржани на Титов Врв. Настапивме во две од трите дисциплини, вертикален километар и скај маратон, а не претставуваа: Елена Ртоска, Сања Најдовски, Дејан Ангелоски и Александар Кирковски.

Вертикален километар Скај маратон
Дејан Ангелоски 39:51 (13 место од 34) 5:11 (23 место од 44)
Александар Кирковски 48:05 (30 место од 34) ДНФ – 29 км
Елена Ртоска 54:06 (18 место од 20) 7:27 (27/28 место од 28)
Сања Најдовски 57:55 (19 место од 20) 7:27 (27/28 место од 28)

На крајот на првенството во екипен пласман македонската репрезентација собра вкупно 222 поени (152 од ВК и 70 од маратон) со што се пласираше на солидното 12-то место. Настапот на светското првенство е особено значен, бидејќи за нас е второ големо натпреварување во низа по европското првенство во 2019-та година. Покрај успешниот настап и достојно претставување на македонскиот скајранинг и планинарски спорт, ќе биде уште едно големо искуство за уште поголеми успеси во иднина.

Share This:

Posted in Најава, Новости.