Светскиот ден на планината

Покана,
Почитувани,
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година се приклучува кон одбележување на 11 декември – ,,Светскиот ден на планината,,.
ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.
Оваа година, „Светскиот ден на планината“ ќе се одбележи на 13 декември 2015 година (во прилог : Програма – Матка 2015).
За таа цел имаме чест да Ве поканиме да бидете дел од овај настан, за да му дадеме поголемо значење на „Светскиот ден на планината“, во интерес да се создаде традиционален настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.
Затоа сметаме дека Вашето присуство ќе биде повеќе од добредојдено.
НАПОМЕНА: Задолжително пријавување и доставување листа учесници (прилог 2)
Со почит,
Претседател на ФПСМ
Проф. Д-р. Јовица Угриновски

ПРЕВЗЕМИ:

Programа MKC 12

Program Matka 2015

Lista na ucesnici od KLUBOT

Share This:

Posted in Новости.