Илина Арсова на врвот Пунџак Џаја

,,На 1 јануари 2019, во 13:40 часот се качив на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида 4884 м, кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија. Од технички аспект ова беше еден од по предизвикувачките врврвови, бидејќи се работи за искачување на карпа со речиси вертикален нагиб и висинска должина од околу 700 м до врвот.

Ова беше 6-тиот по ред во низата на 7 врвови на 7 континенти, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт.

Имено во светот има само 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик , а досега ниту една од Балканот.

Експедицијата беше поддржана од Агенцијата на Млади и спорт, Федерацијата на Планински спортови и планинарскиот клуб, Трансверзалец, Аџибадем Систина и Бартон сноубордс, како и приватно учество во финансиска реализација.

За оваа година ве поканувам заедно да го заокружиме проектот со искачување на 7-миот врв Винсон на Антарктика со што Македонија ќе се здобие со нов светски високогорски резултат.,,
Илина Арсова

Share This:

Posted in Новости.