Известување до клубовите на ФПСМ за Календарот на ФПСМ – 2023

Со цел подготовка на ,,Календарот на активности на ФПСМ за 2023 година, да доставите информација за датумите на предлог клупските планинарски државни акции (активности како домаќини, на кои ќе бидат поканети планинарски клубови од ФПСМ), во следните категории:

– Меѓународни планинарски акции (активност во ваша организација и со учество на гости од други земји, членки на УИАА);

– Балкански планинарски акции (активност во ваша организација и со учество на гости од БПУ /http://www.bmumagazine.com/);

– Традиционални настани, годишнини, манифестации, средби…. и

– Активности од интерес за развојот на планинарскиот спорт;

 НАПОМЕНА:

– Потсетување за клубовите кои не извршиле дигитална регистрација на планинарските настани, да го направат на следниот линк:

https://planinarskipateki.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/

– Доколку имате намера да доставите БАРАЊЕ за поддршка на Вашите активности од страна на ФПСМ, да го направите истото заедно во прилог со доставените термини за акциите и уредно потполнета дигитална регистрација на настанот. Во спротивно, барањето нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата и Претседателството на ФПСМ.

ФПСМ во рамките на своите можности, ќе излези во пресрет на Вашите Барања.

За таа цел, најдоцна до 21 ноември 2022 година, да ги доставите Вашите информации за планинарските акции, со цел да бидат разгледани од надлежните Комисии, а одобрени за поддршка од Претседателството на ФПСМ.

Доставените информации ќе бидат доставени до Агенција за млади и спорт и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Останете во добро здравје

Канцеларија на ФПСМ

Share This:

Posted in Најава, Новости.