Бегово Поле 2014
ПСК Драчево има чест да Ве покани на традиционалната акција БЕГОВО ПОЛЕ:
Петок-04.07.2014
17:00- Поаѓање со организиран превоз од Железничка станица(Транспортен центар) до рибник Принц- с.Алдинци
18:30- Пристигнување во рибник Принц, и по планинарска патека упатување кон п.дом Караџица
20:00- Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите
20:30-Заедничка вечера
Сабота-05.07.2014
06:00-Будење и појадок
07:00-Поаѓање кон Бегово Поле(Солунска Глава 2540 м.н.в.)
10.30-Пристигнување на Бегово Поле, по кратката пауза една група се упатува кон Солунска Глава, а друга група кон Јурукова Карпа и изворот на Кадина Река
12:00-Забава со музика
15:00-Тргнување кон п.дом Караџица
17:00-Пристигнување во п.дом Караџица заеднички ручек и пладневен одмор
19:00-Презентација на фотографии од историско значење за Планинарскиот спортски клуб Драчево
20:00-Почеток на заедничка планинарска забава
Недела-06.07.2014
Будење по желба
10:00-Кратка локална прошетка (Жаба-Река-Римска населба-дом Караџица)
15:00- поаѓање од п.дом Караџица кон рибник Принц
16:30-Поаѓање од рибник принц со организиран превоз кон Скопје
18:00-Пристигнување во Скопје( Железничка станица-Транспортен Центар)
НАПОМЕНА:
- Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК “Драчево”.
- Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
- Од организаторот ќе бидат обезбедени 2 оброци, Вечера во петок 04.07 и ручек во сабота 05.07. Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.
- Превозот, две ноќевања и 2 оброка во п.дом Караџица ќе чинат 900 денари
- Превоз,две ноќевања и 2 оброка во шаторите сместени во дворот на п.дом Караџица ќе чинат 700 денари
- Заинтересираните за турата можат дополнително да се информираат и закажат на телефон:
- 070-621-234 и Spd_dracevo@hotmail.com
- Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
- Задолжителна резервација и плаќање до 02.07.2014-та
Програма ПРЕВЗЕМИ: Plan i programa za Begovo 2014